Поврзи се со нас

Гостиарски

Познати гостиварци: Рок бенд АРЕА

Објавено

на

Еден од најпознатите домашни бендови со богата кариера и бројни хитови, доаѓа токму од Гостивар.

АРЕА е формирана во 1991 година, а во првиот состав членувале: Ивица Брчиоски, Ружица Милошеска Брчиоска, Чеде Петрески, Горан Брчиоски и Душко Милошески. Наредната година на скопскиот Поп-Рок фест ја освојуваат првата награда, и добиваат можност за снимање на деби албум. Албумот наречен “Случајно тука ” продуциран од музичката продукција на Македонската радио – телевизија е прогласен за најдобар дебитантски албум на годината. По овој успех групата прави турнеја во земјава.

Во 1999 година АРЕА потпишува договорот со Авалон продукција. Душко го напушта бендот, а на негово место како тапанар доаѓа Драган Матески- Гаге. Во бендот се приклучува и Владо Антески како ритам гитарист.
Следната година го издаваат албумот “Врати на имагинација ” кој постигнува неверојатен успех. Песната “Сите мои слики” стана мега хит и ја издигна групата на врвот на популарноста. Сето тоа кулминира со голем концерт на Скопски саем, со огромна посетеност, незапаметена за овие простори. Вториот концерт се случи по една недела во Универзалната сала.

Во меѓувреме Гаге излегува од бендот, а Владо ритам гитарата ја заменува со тапани.

Во периодот од 2000 до 2003 година групата одржа преку 80 концерти во Македонија, на просторите на поранешната Југославија и во Бугарија. Во 2001 година го издаваат лајф албумот „Да пеам… сепак можам!“, снимен на концертот одржан во „Универзална сала“. Следната година излегува студискиот албум „Нешто недостасува“, а во 2005  албумот „Теби близу“ за ПГП-РТС на српски јазик.

Во ноември 2008 година, АРЕА го издава својот шести албум „Сè што сакам си ти“, по што следува концертна промоција. Во 2010 год. одржуваат два акустични концерти во Универзална. Во 2013 година, го објавуваат синглот  „Запознај ме“. Лани во декември, беа дел од големиот концерт „All you need is love“ во Скопје. Периодов имаат настапи и концерти низ Македонија.

Актуелниот состав на АРЕА го сочинуваат: Ивица Брчиоски (соло гитара), Ружица Милошеска Брчиоска (вокал), Чеде Петрески (бас гитара), Горан Брчиоски (клавијатури) и Владе Антески (тапани).

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 7 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 9 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 10 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 10 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 11 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 12 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена