Поврзи се со нас

Рецепти

Предлог за ручек: Соган долма – вистински бисер за гурмани од турската кујна

Објавено

на

Едно од секојдневните прашања на најголем дел од домаќинките е: Што да се готви за ручек денес? Колку и да сте креативни и вешти во кујната, понекогаш едноставно недостигаат идеи и интересни предлози се добредојдени. Денес ние ви помагаме во изборот за ручек со рецепт за превкусно јадење кое потекнува од традиционалната турска кујна – Соган долма, односно полнет кромид.

Состојки:

7-8 поголеми главици кромид

половина килограм мелено месо

150 гр. ориз

масло, сол, бибер, босилек

за запршка: 2 лажички брашно, една лажичка мелена црвена пиперка, 200 мл. доматен сос и малку павлака

Подготовка: Излупените главици кромид варете ги 10 минути, исцедете ги и внимателно извадете ги прстените еден по еден, така што внатрешноста да остане празна. Извадените прстени кромид исецкајте ги и пропржете со масло. Додадете го најпрво месото и зачините, а кога ќе зарумени смесата додадете го и оризот, прелијте со топла вода и оставете малку да прокрчка.

Празните парчиња кромид наредете ги во земјен сад или тепсија. Полнете ги со смесата, едно по едно.

Во помал сад направете ја запршката. Пропржете го брашното со масло, додадете ја црвената пиперка, па доматниот сос и на крај павлаката. Со вака подготвената запршка прелијте го полнетиот кромид и ставете на печење, отприлика 40-тина минути на 250 степени.

Веруваме дека сите што ќе вкусат ќе бидат задоволни, а соган долма ќе најде место на вашата листа на омилени јадења кои го собираат смејството на ручек.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена