Поврзи се со нас

Гостивар

Предновогодишна радост и подароци за малите пациенти на педијатрија во Гостивар и децата во Дневниот центар

Објавено

на

Предновогодишните денови за сите луѓе треба да се полни со позитивна енергија, насмевки, дружба, а на тоа најмногу секако се радуваат дечињата.

Со цел да им пренесе барем мигови на празнична атмосфера на децата пациенти на педијатрија во болницата во Гостивар, Здружението “When in Trouble” ги посети заедно со Дедо Мраз, кој како што доликува за Нова година, им подари новогодишни пакетчиња.

Дедо Мраз исто така подели пакетчиња и во Дневниот центар за деца со попреченост.

„Со ваквите активности се трудиме да внесеме барем малку радост во детските срца и да придонесеме за насмевки на лицата на дечињата. Секако, главен лик за Нова година е Дедо Мраз, на кој најмалите најмногу му се радуваат, затоа и го поканивме да ги подели  пакетчињата. На дечињата кои се на лекување во болницата им посакуваме што побргу да оздрават, на сите деца да имаат што повесело и посреќно детство“, рече претседателката на здружението, Билјана Беловинова.

Здружението “When in Trouble” продолжува да ги насочува своите активности кон хуманитарни акции за помош и поддршка на социјално ранливите граѓани, постарите и немоќни лица, децата во ризик итн.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена