Поврзи се со нас

Гостивар

Едногласен „амин“ за буџетот на Гостивар за 2024-та од над 1,3 милијарди денари

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар на денешната седница го усвои буџетот за 2024-та година, кој има вкупна финансиска рамка од над 1,3 милијарди денари. Најважниот финансиски документ на локалната самоуправа беше донесен едногласно, без широки дебати и многу дискусија.

Од Секторот за финансии и буџет направија видео презентација на ставките во буџетот и подетално ги појаснија планираните приходи и расходи.

„Од даночни приходи предвидени се над 200 милиони денари, додека најголем дел од приходите 68% се од дотации. Како капитални инвестиции од поголем размер би ги напоменале, изградбите на ул „Ленинградска“ и „Гоце Делчев“, како и патот Беловиште-Форино.“, кажаа меѓу другото од надлежниот Сектор.

Во име на советничката група на СДСМ, Ема Нешковска истакна неколку предлози со барање да се земат предвид и да се вметнат во буџетот.

„Општината да овозможи јавно следење на седниците како што е пропишано во Законот за локална самоуправа, потоа изработка на проект за изградба на детска градинка во Циглана, со поддршка на Министерството за труд и социјала, изградба на мултифункционално игралиште во Циглана во соработка со Агенцијата за млади и спорт, уредување на дворот и изградба на мултифункционално игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ , опремување на училница со сензорна интеграција за деца со попреченост во ОУ „Исмаил Ќемали“, општината да обезбеди простор за Младински информативен културен центар, реконструкција на повеќе улици во Циглана, Фазанерија, Дутлок и централното градско подрачје. Создавање на повеќе паркинг места, изградба на современ градски пазар, раззеленување на повеќе делови од градот, опремување и доуредување на игралишта во Малеарди, Кеј Вардар и Дутлок“, рече советничката Нешковска.

Советникот Лек Далипи од ДУИ подвлече дека како советничка група ја даваат својата поддршка за буџетот што значи издигнување над партиските интереси, а секоја ставка треба да се гледа како стратешка инвестиција, како темел за богата иднина на Гостивар.

Буџетот за 2024 година ќе биде најголемиот буџет на Општина Гостивар досега, со вкупна сума од 1.366.173.000 денари.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена