Поврзи се со нас

Вести

„Пријателите на Шара“ во Гостивар – Се креира „Заедничка визија за Шар Планина“

Објавено

на

Платформата „Пријателите на Шара“, лобисти за прогласување на Шар Планина за Национален парк, од Гостивар започнаа серија трибини на тема иднината на Шар Планина и заштитата на природата. Трибината беше наменета за претставници на општината, граѓански здружениja, собирачи на шумски плодови, сточари, ловџии, планинари, угостители.

Исти настани ќе се организираат и во другите општини во регионот на Шара, Тетово, Јегуновце, Врапчиште, Теарце и Боговиње. Од сето тоа треба да произлезе документ „Заедничка визија за Шар Планина“, како и Советодавно тело кое ќе има голема улога на заштитата и развојот на природата.

„Сакаме да разговараме со сите чинители за да видиме каков е нивното видување, како сакаат овој регион да се развива и како сакаат да ја видат Шар Планина во иднина. Целта е да креираме заедничка визија за Шар Планина, станува збор за еден документ кој ќе произлезе од партиципативно учество на сите шест општини. Во мај, пак ќе промовираме Советодавно тело, кое ќе им за цел да ги алармира надлежните институции за проблемите кои го тангираат локалното население, а се однесуваат на заштитата на природата. Ова Советодавно тело ќе го поврземе со таква структура од Косово и Албанија каде веќе има заштитени подрачја, и на тој начин ќе се  развиваат проекти, кои ќе се спроведуваат во сите три земји подеднакво“, изјави Фросина Пандурска-Драмиќанин од Македонското еколошко друштво.

Иницијативата за прогласување на Шар Планина за национален парк е покрената пред десетина години, но сè уште не е влезена во законска процедура. Еколозите се надеваат дека целосната документација со Студија за валоризација на природните ресурси за да се креира закон, ќе биде готови за две години, по што се останува во рацете на Владата и Собранието. Бенефитите велат тие, ќе бидат огромни.

„Производите би добиле додадена вредност дека се еколошки производи. На пример брендот на Шарското сирење би се зголемил, бидејќи стоката би се напасувала во заштитено подрачје. Би се зголемил бројот на туристи, затоа што странските туристи сакаат да ја видат природната убавина на Македонија“, потенцира Пандурска-Драмиќанин.

Трибината во Гостивар се организираше во рамки на проектните активности на Пријателите на Шара, поддржани од ИПА 2 механизмот на ЕУ и канцеларијата на ГИЗ (Германско друштво за интернационална соработка) во Скопје.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 8 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 10 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 11 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 12 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 13 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 15 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 15 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 16 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена