Вести
Приведено осомничено лице за грабежот во Халк банка во Гостивар
Едно лице е приведено како осомничено за грабежот во Халк банка во Гостивар, соопшти денес на прес конференција директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Лазе Велковски. Се работи за 37 годишниот А.Б. од село Неготино, гостиварско, кој што е приведен и заедно со целокупниот документиран материјал и со кривичната пријава за кривично дело – “разбојништво“ е предаден на надлежен Јавен обвинител при ОЈО Гостивар, којшто му одреди 48 часовно задржување.
Филмскиот грабеж се случи завчера околу 12 часот во експозитурата на Халк банка во Гостивар, лоцирана на бул „Гоце Делчев“. Лицето влегло во банката со качулка на главата и пиштол во рака. Со закана по живот побарало пари од еден од вработените, при што одзело поголема сума на пари. Веднаш потоа ја напуштило банката и со возило паркирано пред објектот, во кое имало уште едно лице, побегнале.
Првично, полицијата излезе со сума од милион и триста илјади денари, а денес објави дека се работи за украдени 2 милиони денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот