Поврзи се со нас

Македонија

Промоција на 23.класа потпоручници на Воената академија

Објавено

на

Во Воената академија  „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска имаше промоција на 23. класа потпоручници, а на свеченоста беа врачени награди за тројцата најдобро рангирани: Никола Антески, Јована Софрониоска и Наум Спироски.

Антески кажа дека пред четири години пристигнале овде желни и решени да тргнат по овој предизвикувачки пат.

„Нашето патување започна со основна воена обука, ригорозен процес што ја тестираше нашата физичка и ментална издржливост. Бевме турнати надвор од нашите граници, соочени со препреки што изгледаа непремостливи. Но, ние стоевме обединети, учејќи го вистинското значење на заедништвото и силата што доаѓа од заедничката работа како тим. Токму во овие моменти ги откривме нашите внатрешни резервоари на сила и издржливост. Конекцијата што ја поставивме уште првите денови, стана основа на доживотни пријателства. Сите ние бевме најголема меѓусебна поддршка во моменти на тага и среќа. Имавме можност да живееме и работиме изминатите четири години и со питомци кои не го носат истото знаме со нас на ракавот, но, во нив добивме искрени пријатели во Босна и Херцеговина и Црна Гора“, рече Антески.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска им честиташе за мотивираноста и истрајноста.

„Поминавте долг и предизвикувачки процес на едукација кој успешно го завршивте. Благодарение на современите студиски програми во согласност со принципите за воено образование на НАТО, можност за размена на професорски кадар и питомци преку програмата „Еразмус плус“, како и преку одбранбената билатерална соработка со нашите сојузници, имавте можност за стекнување знаење и вештини, вредни за еден вистински офицер на НАТО. Денес стоите овде пред нас токму благодарение на вашата одлучност, подготвени да продолжите и да постигнете повисоки цели. Вие сте вистинските патриоти, вие кои сте решиле својата работна кариера да ја посветите на заштитата на своите граѓани и многу повеќе од тоа, активно да се вклучите во системот на колективна одбрана и безбедност на НАТО, како офицери на земји членки и партнерски земји на Алијансата. Успех е што меѓу вас веќе години наназад во Воената академија се образуваат и офицери од земјите од регионот. Денес покрај 27 нови потпоручници од македонската армија, имаме и петмина од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Но, за време на вашето образование, двајца од вас имаа можност по еден семестар да се школуваат во Кралството Норвешка, а исто така на нашата Академија, еден семестар се образуваа и питомци од Кралството Норвешка и од Република Бугарија“, рече Петровска.

Пред присутните се обрати и деканот на воената академија, полковник професор доктор Митко Богданоски.

„Тешко е да се опише со зборови, чувството на гордост и задоволство што денес стојам пред вас, нашите идни лидери, стратези и чувари на мирот и на безбедноста на нашата земја. Денес, по сета макотрпна работа и труд, вие се придружувате на вашите претходници, поранешни генерации на нашата академија, што го подготвија теренот и создадоа услови за иден развој што го очекуваме од вас, како наша иднина. Воената академија претставува света институција која создаде генерации кои се соочија и надминаа многубројни конфликти, кризи и природни катастрофи, воздигнувања и падови, докажувајќи ги вредностите на кои почива институцијата“, истакна Богданоски.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 34 минути

Зачини кои го поттикнуваат согорувањето на калориите

Вестипред 13 часа

Работи што не треба да ги чувате во автомобил

Гостиварпред 14 часа

Четирицикл удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени две лица

Македонијапред 16 часа

Вакцинација против сезонскиот грип од средината на октомври

Гостиварпред 17 часа

Клучевите во брава, вратите незаклучени – Крадци во Гостивар лесно украле „сузуки алто“

Гостиварпред 18 часа

Петгодишен јубилеј на YCC Гостивар: Работиме неуморно да ја зајакнеме младината и создаваме трајни позитивни промени

Македонијапред 19 часа

Платите на наставниците се зголемуваат за 15%

Гостиварпред 20 часа

Пешачете и возете велосипед, порака од „Ден без автомобили“ во Гостивар

Гостиварпред 21 час

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 7 дена

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 1 месец

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена