Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Промотивна Конвенција на ДУИ во Гостивар

Објавено

на

 Демократската Унија за Интеграција, попладнево во Гостивар го промовираше кандидатот за градоначалник од своите редови Невзат Бејта и кандидатите на советничката листа со кои ќе ја бара довербата од граѓаните на престојните Локални избори 2017.

Во своето обраќање на Конвенцијата во Центарот за култура, Бејта се осврна на реализираните проекти во изминатиот градоначалнички мандат и на предвидените во новата изборна програма „За Утрешен Гостивар“. „Заедно со мојот тим и со членовите на Советот изминатите четири години реализиравме над 600 проекти: улици, тротоари, канализации, уредување паркови, потоа во областа на спортот, социјалата, образованието, култура кои беа предвидени во победничката програма од 2013 година. Ја бараме поддршката на гостиварци за да направиме уште повеќе – „За Утрешен Гостивар“. Ќе набројам само неколку од проектите кои планираме да ги оствариме. Изградба на нов плоштад, кој ќе го направи Гостивар најубав град во Македонија, изградба на нов мост на Вардар, потоа отворање на слободни економски зони, обезбедување јавен транспорт, отворање на Музеј и Уметничка Галерија, поставување на подземни контејнери со што нашиот град ќе биде уште почист. Тука сакам да го споменам и конечното решавање на проблемот со депонирањето на комуналниот отпад и гарантирам дека Гостивар ќе биде најчист и најеколошки град во Македонија“, потенцираше кандидатот за градоначалник од ДУИ, Невзат Бејта.

Пред присутните свое обраќање имаше и шефот на Изборниот штаб на ДУИ во Гостивар, Башким Хасани кој ги претстави кандидатите од советничката листа со носителот Насир Муслиу.

„ Нашата Програма со која излегуваме на овие избори е создадена според барањата на граѓаните, со многу нови проекти за доброто на Гостивар и гостиварци. Ја бараме поддршката од гласачите како тим којшто реализира тоа што го ветува“, рече носителот на листата Муслиу.

Во својата порака упатена од Конвенцијата на ДУИ во Гостивар лидерот на партијата, Али Ахмети повика на фер кампања без навреди кон противниците. „Ги слушам опонентите од другите политички партии како обвинуваат, навредуваат и сметам дека таа практика не е во ред. Ние не го правиме оа. Ние на изборите излегуваме со енергија, потенцијал и квалитетен кадар подготвен да работи и затоа сум убеден во успех“, порача Ахмети.

На Конвенцијата говореа и кандидатите од советничката листа: Гентијана Бектеши, Алберт Јакупи, Џенета Хусеини и Адис Исмаили.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 3 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 5 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 6 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 7 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 9 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 9 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 10 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 11 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена