Вести
Што изјавија кандидатите на денешната пријателска средба во Гостивар?
Два дена пред почетокот на предизборната кампања, кандидатите за градоначалник на Гостивар се собраа на заедничка неформална средба. Иницијативата ја покренаа гостиварските новинари, со цел да се промовира фер и демократска изборна атмосфера и кандидатите да се заложат за мирни и коректни локални избори. Во таа насока беа и нивните денешни изјави кои ги пренесуваме по редослед како што беа давани.
Изјава Арбен Таравари, кандидат од Алијанса за Албанците: Се надевам дека најдобриот ќе победи. Сите ние што сме кандидати имаме свои програми и мислиме добро на нашиот град. Би сакале да пренесеме порака на нашето членство но и на сите граѓани во Гостивар – изборите на 15 октомври ќе завршат, а животот треба да продолжи. Како што ние кандидатите сме седнале да пиеме кафе, така и граѓаните без разлика на нивната верска, етничка, политичка припадност треба да се дружат и да продолжат да живеат заедно.
Изјава Асаф Адеми, кандидат од БЕСА: Уште кога бев номиниран за кандидат од мојата партија изјавив дека сите, почнувајќи од мене и членовите на мојата партија треба да се однесуваме фер и демократски, пренесувајќи идеја за подобар живот и за тоа што заслужуваат граѓаните на Гостивар. После 15 октомври, ние сите пак треба да седнеме на заедничко кафе. Лично немам ништо против ниту еден мој противкандидат, напротив ги почитувам сите како мои сограѓани и професионалци.
Изјава Себајдин Изаири, кандидат од ДПА:Сакаме на народот да му пренесеме порака дека немаме ништо еден против друг. Оваа средба е една добра идеја за и ние да покажеме дека се почитуваме иако сме од различни партии, но целта ни е иста, да работиме за доброто на граѓаните.
Изјава Дафина Стојаноска, кандидат од ВМРО ДПМНЕ:Оваа иницијатива и нашето присуство денес го докажува она што Гостивар значи за Македонија и пошироко, дека е мултиетничка средина и се разликува од сите останати по тоа што е искрено срдечна кон секој гостин, добронамерник во градот. Тука сме петмина кои на Гостивар сакаат да му понудат подобро утре за сите сограѓани. Се надевам дека без разлика кој од нас ќе влезе во општина Гостивар на 16 октомври, ќе не покани, или можеби јас ќе бидам таа што ќе покани, на ваква средба што ќе биде симбол на заедништвото на овој град.
Изјава Невзат Бејта, кандидат од ДУИ:Ја поздравувам иницијативата на медиумите, сметам дека тоа што денес сме собрани со кандидатите на пријателска средба е голема и добра работа. На моите противкандидати им дадов по една мапа на општината на која се испишани сите инвестиции кои се изработени во мојот изминат четиригодишен мандат за да бидат информирани. Сите ние ја почитуваме демократијата. Гостивар има прекрасни граѓани со позитивна енергија, и тие сами на 15 октомври ќе одлучат кој ќе биде на чело на нашата општина.
Средбата беше организирана без протколи и се одвиваше спонтано. Политичарите јадеа традиционална гостиварска баклава, дадоа изјави, си помуабетеа и им се вратија на обврските во борба за глас повеќе на престојните локални избори.
Од вкупно седум, пет кандидати за градоначалник на Гостивар ја прифатија поканата и присуствуваа на средбата. Не дојдоа Шпат Исеини од Коалицијата НДП-Унитети и Ленка Јованоска од СДПМ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград