Гостивар
Ресурсен центар Гостивар: Пријавување на социјално загрозени кои имаат потреба од бесплатна нега и грижа

Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, подружница Гостивар информира дека лицата и семејствата кои се во социјален ризик, а имаат потреба од професионална нега и грижа (лица со Мултиплекс склероза, со Алцхајмерова болест, одмена на семејна грижа за лица со попреченост) , таа услуга може да ја добијат бесплатно и апелира да се пријавуваат.
Услугата ќе ја пружаат 12 негуватели, кои претходно поминаа стручна обука, во рамки на програмата економија на грижа, а во склоп на Мултифункционалниот Центар за социјални услуги во Гостивар, што наскоро и официјално ќе почне со работа.
„Негувателите се веќе вработени, меѓу нив има социјални работници, медицински лица, педагози…Центарот е во фаза на добивање на лиценца, која наскоро ја очекуваме од Министерството за труд и социјала, а до тогаш треба да ги мапираме лицата и семејствата на кои им треба помош. Право на бесплатна нега и грижа ќе добијат оние кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба, се социјално загрозени и не можат да си дозволат такви трошоци. Ги повикувам граѓаните да се пријавуваат.“, вели раководителката на подружницата на Ресурсен во Гостивар, Маргарита Милошеска, нагласувајќи дека заинтересираните треба да пополнат барање/документ од подружницата на Ресурсен Гостивар и истото да се поднесе во Центарот за социјална работа во Гостивар. Тамошните служби, потоа одлучуваат дали барателот ги исполнува условите за бесплатна нега и грижа, додава таа.
За повеќе информации граѓаните може да се обратат на 071-236-635 и 078-363-444 кај раководителката Милошеска и соц.работник Адријана Иваноска Стојманова.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче