Гостивар
„Само небото е граница“ порачаа учениците од Гостивар преку претстава и слики

Ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Мустафа Кемал Ататурк“ од различни националости, беа дел од проектот „Само небото е граница“, во чии рамки се одржа мултиетничка претстава и ликовна колонија. Преку глума и сликање низ заедничка дружба, дечињата испратија порака за соживот, меѓусебно разбирање и заедништво.
„Основна цел на проектот е подигнување на свеста за значењето на културните настани, кои претставуваат значаен сегмент од секојдневниот живот. Вклучени се ученици на возраст од 9 до 14 години од различни етнички заедници, Македонци, Албанци, Турци, Роми, а меѓу учесниците има и деца со попреченост. Она што сакаме да го докажеме е дека ниту јазикот, националноста, возраста или полот не се пречка за спроведување на вакви активности, туку напротив влијаат кон подобрување на заедничкиот соживот во градот“, рече Анета Филипоска, координатор и спроведувач на проектот.
Учениците работеа под менторство на наставничките Александра Наумческа, Севим Суло и Елизабета Наумческа.
Настанот има и хуманитарен карактер и собраните средства од продажба на сликите создадени од учениците, ќе бидат донирани за помош на деца со посебни потреби.
Проектот „Само небото е граница“ се реализира со поддршка на Министерството за култура.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар