Поврзи се со нас

Гостивар

Сериозно и алармантно е ширењето на коронавирусот во регионот на Гостивар

Објавено

на

Сериозна и алармантна е состојбата со ширењето на коронавирусот, оцени на денешниот состанок Кризниот штаб за Општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше. Според изнесените податоци, моментално во трите општини има 193 активно болни од кои 145 во Општина Гостивар, 42 Општина Врапчиште и 6 Општина М.Ростуше.

Дваесет и два од заболените се хоспитализирани, додека останатите се асимптоматски или со благи симптоми и се во домашна изолација.

Маска, дистанца, високо ниво на хигиена – по кој знае кој пат повторуваат институциите во својот апел до граѓаните.

„Состојбата е сериозна и алармантна. Еден од заклучоците од состанокот е сите институции кои се вклучени во Кризниот штаб да ги повикаат граѓаните да ги почитуваат препораките коишто ги повторуваме од почетокот на пандемијата, а тоа се носење на маски, држење на растојание и одржување на лична хигиена“, изјави по состанокот Валбон Лимани, шеф на кабинетот на градоначалникот на О.Гостивар.

Во излагањето на состанокот докторката Фларуше Османи од Итната помош во Здравствениот дом во Гостивар нагласи дека во нивната служба бележат зголемен број на повици од пациенти со симптоми на ковид. „Станува алармантно, бројот на пациенти се зголемува, за медицинска помош ни се обраќаат по 3 до 4 пациенти кои имаат симптоми“, рече д-р Османи.

Инаку, на гостиварското подрачје до сега се направени 1.104 тестови за корона.

Кризниот штаб најави дека ќе продолжи редовно да одржува состаноци, по еднаш во неделата.

 

Сподели ја веста:
1 Коментар

1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена