Гостивар
Собир во Гостивар за годишнината од пробивањето на Сремскиот фронт

На пригоден собир, со историски осврт и положување на цвеќе, во Гостивар беа одбележани 79 години од пробивањето на Сремскиот фронт, односно завршните операции за конечно ослободување на Југославија. Настанот го организираше Општинскиот одбор на Сојуз на борци Гостивар, традиционално пред споменикот на паднатите борци во градскиот парк.
„Македонија беше ослободена со сопствени сили, беше извојувана национална и социјална слобода, беше воспоставена народна власт. Својата слобода македонскиот народ ја плати со 24 илјади жртви. По ослободувањето на Македонија, дел од македонските борбени единици зедоа учество во завршните операции за конечно ослободување на Југославија. На Сремскиот фронт беше испратен Петнаесеттиот македонски корпус со околу 22.000 војници, составен од 8 бригади организирани во првата југословенската армија. Во содејство со другите единици на 12 април 1945 г. беше пробиен Сремскиот фронт. Македонските воени формации водеа тешки борби кај Товарник, Винковци, Славонска Пожега, Винковци, учествуваа и во ослободувањето на Загреб, а дел се бореа и во Словенија. Во ослободувањето на Југославија на 15 мај 1945 година, македонските единици зедоа учество во чистење на теренот. Во тие борби загинаа 1.674 борци од Македонија од сите националности. Во оваа прилика сакам да истакнам дека Гостивар и гостиварско чесно го дадоа својот придонес во големата и пресудна борба за слобода. Од нашиот крај паднаа 322 активни борци и 158 жртви на фашистичкиот терор. Само во завршните операции за ослободување на Југославија животите ги загубија 218 наши сограѓани, а стотина беа ранети. Сето ова прави актерите на овие настани да се вселат во историјата како личности кои не само што знаеле да ја изберат вистинската страна, туку со својата решеност и политичка проценка и пожртвуваност ги задолжуваат сегашните и идните генерации.“ , рече пред присутните Радислав Ѓиноски, претседател на Сојуз на борци во Гостивар.
Одбележувањето на 79 години пробивање на Сремскиот фронт се заокружи со положување на букети цвеќе на споменикот и едноминутно молчење.
Цвеќе положија делегации на боречката организација и од гостиварските ограноци на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос