Гостивар
Собир во Циглана во спомен на убиените резервисти Даил и Александар

Се навршуваат седумнаесет години од загинувањето на полициските резервисти, Даил Јанкоски и Александар Николиќ од Гостивар.
Годишнината од нивната трагична смрт беше одбележана со комеморативен собир во гостиварската населба Циглана, на местото кадешто беа убиени. Во нивна слава и чест се собраа родини, пријатели, колеги, положија буќети цвеќе, запалија свеќи и со минута молчење им оддадоа почит.
Цвеќе положија делегации од Секторот за внатрешни работи Тетово, Полицискиот синдикат и од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Гостиварците Јанкоски и Николиќ, беа убиени на должност на полициски пункт на влезот од населбата Циглана во 2002 година на 26 август еден часот по полноќ. Според наводите од истрагата, на нив пукале непознати лица со автоматски пушки од возило во движење со странски регистарски таблички.
На местото на трагедијата во чест на загинатите резервисти во 2012 година беше поставена спомен плоча.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 2 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар