Македонија
Сојузот на синдикати најавува активирање на ШТРАЈК – одложена средбата со Владата

Сојузот на синдикатите на Македонија изрази незадоволство од одложувањето на средбата со Владата што требаше да се одржи денеска и најави дека во петок ќе бидат свикани сите тела на Сојузот за да се активираат штрајкувачките одбори.
„На разочарување на работниците, средба помеѓу Владата и ССМ закажана за денеска се одлага за 31.01.2022 година по барање на Владата. ССМ после презентацијата на Студијата за минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите изготвена од еминентни професори, во четврток продолжува со активностите и уште веднаш во петок ќе го свика претседателството на ССМ, Советот на ССМ и регионалните синдикални претставништва и канцеларии со една цел – да се активираат штрајкувачките одбори и да се запазат постапките за штрајк како и утврдување дата за подготовки за штрајк“, информира ССМ.
Овие активности, според Сојузот, се со една цел – решавање на егзистенцијалните проблеми на работниците, зголемување на минималната плата на 18.000 денари, зголемување на останатите плати и утврдување на регресот за годишен одмор во јавниот сектор согласно утврденото право на работниците во приватниот сектор.
„Исто така бараме и продолжување на мерката за замрзнувањето/ограничувањето на цените на основните прехранбени производи и по 31.01.2022 година“, дополнува ССМ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите