Здравје и убавина
Совети за правилна нега на пегите

Пегите се нарекуваат и „украси на лицето“ оти многумина ги гледаат како признак на убавина. Сепак, важно е и да се води соодветна грижа за овие симпатични црвени точки, бидејќи може да се појави меланом – малиген тумор на пигментираните клетки на кожата.
Меланомот може да се препознае по неговата асиметрија, рабовите, промена на бојата, дијаметар поголем од шест милиметри и начинот на кој се шири. Ако забележите дека пегата има повеќе нијанси на кафеава боја и станува поголема од гума на молив, време е за итно одење на лекар. Раната превенција е клучна.
Исто така, треба да се прави лекарски преглед еднаш годишно, бидејќи може да се појават и проблематични пеги коишто не се видливи за окото. Пегите кои постојано се лупат или крварат треба да ги отстрани професионалец. Покрај меланомот, може да се појават и сквамозни клетки, кои исто така можат да предизвикаат рак.
Ако некој, едноставно, не сака да има пеги, се препорачува тие да се отстранат со ИПЛ-ласерски третман или со користење хидрохинон од четири отсто што се купува со рецепта.
Според Американската академија за дерматологија, ако „изгорите“ на сонце пет или повеќе пати на возраст од 15 до 20 години, опасноста од меланом се зголемува за 80 насто. Користете крема за сончање која штити од УВА, УВБ и инфрацрвени зраци. Тие обично содржат цинк оксид и титаниум диоксид.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година