Поврзи се со нас

Гостивар

Спомен обележје на Јосиф Багери ќе се постави во паркот кај Општина Гостивар

Објавено

на

Во малиот парк до зградата на локалната самоуправа во Гостивар ќе биде поставено спомен обележје на Јосиф Багери, културен деец, православен Албанец, по потекло од Горна Река. Одлуката беше изгласана на денешната седница на општинскиот Совет, во рамки на  Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.

„На сите ни е познато кој бил Јосиф Багери и колкаво е значењето на неговото дело.  Спомен обележјето, кое е планирано да се постави во паркот до општината е подарено од донатор“, рече Аслијан Снопче, раководителка на Секторот за образование.

Советникот од ДУИ, Лек Далипи реагираше дека текстот на Програмата не е во соагласност со Уставот и побара да се смени.

„Јас не сум против поставување на споменикот, но сметам дека текстот на Програмата е тенденциозен. Таму, наместо Албанци, стои „дел од албанскиот народ“. Ваква беше реториката пред 2001-ва година, ние не сме „дел“, туку сме Албанци. Ова е пропуст на администрацијата и треба да се смени согласно Уставот.“, рече Лек.

Претседателот на Советот, Валбон Лимани им предложи на советниците точката да се стави на гласање, а дополнително да се извршат промените во тој дел и текстот да се смени како што пишува во Уставот. Одлуката беше донесена со мнозинство гласови. Советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по оваа точка беа воздржани.

Јосиф Багери, роден 1870 година во Нистрово, Горна Река оженет со Василка Бошкова, се смета за еден од најистакнатите албански културни дејци. Како поет и просветител дејствувал во Софија, Дебар, Скопје, Драч и во Приштина, кадешто починал во 1916 година.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 11 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 12 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 14 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 17 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 19 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 19 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 21 час

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 22 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена