Гостивар
Цената на водата во Гостивар за сега останува иста, Советот не изгласа поскапување
Предлог-одлуката за зголемување на цената на водата за пиење и за канализација не помина на денешната седница на Советот на Општина Гостивар. Ниту една советничка група не гласаше за новите повисоки тарифи. Сметките на граѓаните за овие услуги од Јавното претпријатие „Комуналец“ за сега остануваат непроменети.
Во однос на предлогот за поскапување кој се разгледуваше на дневен ред, образложение даде претставникот на ЈП „Комуналец“ Вулнет Чекрези.
„Ние како јавно претпријатие имаме обврска да изготвиме и доставиме методологија до Регулаторната комисија со сите параметри, технички и финансиски, според што се одредуваат цените. Регулаторна потоа ги разгледува параметрите и донесува решение, дали ги усвојува цените. Ние доставивме методологија и добивме решение од Регулаторна дека ги усвојува предлог цените. Логично и оправдано е да се зголемат цените, затоа што се зголемени трошоците на претпријатието за материјали, опрема, плати итн.“, кажа Черкези.
Предложените нови тарифи предвидуваа за околу 24% поскапување на водата за пиење и околу 25% за одведување на отпадните води.
Сепак, со оглед дека не добија поддршка од Советот, цените за сега нема да се променат.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди