Вести
Светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Дваесет и први февруари е Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Прогласен е од УНЕСКО во 1999 година во насока на промовирање на важноста од сочувување и негување на мајчиниот јазик, но и на важноста на јазичната разновидност.
Денес на земјината топка се говори на повеќе од 6000 јазици, но на половината од нив во разни делови на светот им се заканува исчезнување. Статистиката покажува дека во последните три века има значително изумирање и намалување на бројот на таканаречните мали јазици. Ова особено ги погодува одредени земји во Америка и Австралија.
Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.
Мајчиниот јазик како културно и духовно наследство е исклучително значаен за идентитетот на секој народ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот