Поврзи се со нас

Вести

Градоначалникот вети изградба на потпорен ѕид за да се спречи лизгање на земјиште во Речане

Објавено

на

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари при својата посета на Речане, вети дека општината ќе се зафати со решавање на проблемот со лизгање на земјиштето на главниот пат, на влезот на селото.

„На самото место  беше утврдено дека состојбата е алармантна, една куќа е загрозена, а градоначалникот Таравари вети итно решавање на проблемот, односно изградба на потпорен ѕид со што ќе се спречи лизгањето на земјиштето“, информираат од општината.

Градоначалникот во Речане го посетил и селското училиште, каде било утврдено дека се потребни  одредени интервенции за подобрување на условите за учениците и наставниците за спроведување на воспитно-образовниот процес.

„За време на неговата посета на селото Речане, Таравари се сретна и разговараше со локалните жители кои го запознаа со  проблемите со кои се соочуваат селаните и изразија благодарност што раководството на општината изразува подготвеност да помогне во решавањето на нивните проблеми“, се наведува во соопштението од општинската служба за информирање.

 

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена