Поврзи се со нас

Гостивар

СВР Тетово апелира на внимателност поради опасност од пожари

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци.

„Со настапувањето на сегашните, значително повисоки температури во споредба пред само една недела, во голема мерка се зголемија и потенцијалните опасности за избувнување пожари и во Полошкиот регион. Ова, дотолку повеќе што на подрачјето има забележително бујна вегетација и поради тоа неопходна е максимална будност и  одговорно однесување на секој поединец.

Покрај ова, на оние кои за викендите и воопшто ќе престојуваат на излетничките места во регионот, им се укажува да се воздржат од  палење огнови, кои неизгаснати брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и  материјални и други последици од поголеми размери.Им се советува, исто така, на отворен простор да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да причинат пожар.

Зашто, во спротивно, ако случајно или намерно предизвикаат пожар, ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со пријави, кои во крајна истанца предвидуваат и затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици“, се вели во апелот на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена