Поврзи се со нас

Вести

Таравари во посета на Падалиште каде дождовите го оштетија локалниот пат

Објавено

на

 

Обилните врнежи со кои се соочи гостиварскиот регион изминатиот викенд предизвикаа оштетување на локалниот пат кој води до селото Падалиште. Таму денес беше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари придружуван од свои соработници.

“Невремето го направи своето, но и човечкиот фактор во конкретниов случај влијаел штетите да бидат поизразени. Значи, покрај поројните дождови, ситуацијата ја имаат влошено работите за  изградба на една мини-хидроцентрала. Предизвикано е значително оштетување со кое се отежнува нормалниот тек на сообраќајот на оваа делница”, рече Таравари посочувајќи дека со увидот се утврдило дека како последица на градежните работи се создал теснец во водотекот по должината на патот што води кон селото и асфалтот не можел да го издржи притисокот од водата.

“Наскоро ќе се изготви записник со кој точно ќе се утврди причината и висината на штетата и ќе се побара од инвеститорот да ги отстрани последиците, нормално и со наша поддршка како општинската администрација. Значи, ќе бидат преземени брзи и конкретни чекори за надминување на состојбата”, нагласи градоначалникот.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена