Поврзи се со нас

Гостивар

Туристички водич за Гостивар, градот кој секогаш има гости

Објавено

на

Посетителите и туристите кои доаѓаат во Гостивар отсега ќе може да добијат повеќе информации за градот, знаменитостите, културното наследство, препознатливата храна,  некои манифестации и слично преку туристички водич, кој денес беше промовиран пред гостиварци. Автор на водичот, кој е на четири јазици (македонски, албански, турски и англиски) е археологот Даниел Ѓорѓевски.

„Туристичкиот водич е резултат на моја подолготрајна работа во културата, пред се‘ културното наследство, како археолог. Дојдовме до заклучок дека има недостиг на таков продукт во Гостивар и се изработи туристичкиот водич. Ги опфаќа сите културно-историски знаменитости, од подалечното, но и од поблиското минато:тука се Беговата куќа , локалитетите во Равен, Ѓоновица, Горна Бањица, Чајле од доцната антика и средниот век, опфатена е Саат кулата со детални описи, потоа староградскиот стил на градење во Вруток, Симница. Има информации за културно-уметнички друштва, а опфатени се и модерните карактеристики на градот, затоа што Гостивар не е само традиционален, туку е и културно современ град.“, кажа Ѓорѓевски.

Водичот е дел од проектот „Платформа за културни односи: Културата и традициите во Гостивар“ на здружението Полог-Гостивар, во рамки на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2, ReLOaD 2 финансирана од ЕУ, а спроведена од УНДП во соработка со гостиварската општина.

„Задоволство е замене како претставник на општината, што за прв пат во Гостивар имаме таков туристички водич, и Гостивар да влезе на туристичката мапа на нашата држава. Се надевам дека ова е само почеток на иницијативата за промоција на градот. Ваквите активности секогаш ќе ја имаат поддршката на општината“, рече на промоцијата, претседателот на Советот на Гостивар, Ваљбон Лимани.

Како што информираше авторот, туристичкиот водич ќе биде достапен во општината, низ училиштата и во други јавни установи и институции, а се планира да има и онлајн издание.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 10 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 11 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 12 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 13 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 14 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 15 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 16 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 17 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 17 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена