Гостивар
Учебна 2018/19 во Гостивар – ОУ „Гоце Делчев“ не доби нов кров, ама директорите по школите 100 пати се менуваа

Течат последните денови од учебната 2018/2019 година, која за Гостивар останува запаметена по одземање на ингеренции во образованието, смени на директорите низ училиштата, прими-извади на наставничкиот кадар. Пред крајот, слободно може да се каже дека целата учебна година помина во знакот на политичките препирки и надмудрувања меѓу локалната власт, водена од градоначалникот Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Министерството за образование на чие чело е Арбер Адеми од ДУИ.
Надлежностите прв пат беа одземени претходната учебна година, во февруари 2018-та, по што Министерството направи смени на директорските места во училиштата. Ингеренциите по девет месеци, во номеври 2018-та беа вратени на општината, по што следуваше промена на директорите. Во февруари 2019-та, гледавме реприза – Таравари по втор пат ги изгуби надлежностите. Имаше решенија за нова тура смена на директори, кои беа повлечени заради изборната кампања, но се рефрешираа после изборите. Дури стана тешко да се држи чекор со промените на директорските позиции, кои беа проследени со меѓусебни обвинувања за политички реваншизам, незаконско работење и неводење грижа за учениците.
Тука лежи зајакот! Во грижата за учениците. Да го земеме за пример покривот на ОУ „Гоце Делчев“ каде учат околу 1.000 деца, кој години наназад е во катастрофална состојба. Во училниците на горниот кат, при дожд тече вода и децата седат на часови со кофи. И додека Министерството и Општината си ја префрлаа топката и се занимаваа со директорските фотелји, помина и целата учебна година, а овој горлив проблем остана нерешен.
И не само тоа. Трпеа учениците во сите училишта, со оглед на тоа дека промените на директорите, повлекуваа промени на наставниците по одредени предмети. И додека да фатат ритам со еден, на час им се појавуваше друг наставник.
Што ќе се случува од септември или поточно од ноември по враќање на надлежностите, останува да видиме. Дали ќе се „пее иста песна“, или некому конечно ќе му текне дека на прво место мора да се стават потребите и интересите на децата… А фотелјите и политичките поени треба да бидат споредна работа.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош