Вести
Ученички од Гостивар со награди по математика и литература
Викендов што измина беше исполнет со добри резултати за младите гостиварци и тоа на полето на математиката и литературата.
Тринаесетгодишната Росица Матеска, ученичка во ОУ „Гоце Делчев“ успешно го претстави Гостивар на традиционалната манифестација „Детски лирски треперења“, која по 39-ти пат се одржа во Охрид. Росица, за својата творба „Езерска слика“ доби Диплома за најдобра песна на фестивалот. Ученичката учествуваше на манифестацијата под менторство на професорот по македонски јазик, Анѓелко Јанкоски. Нејзината наградена песна е објавена во зборникот што го издава фестивалот „Крајезерски бранувања“. Манифестацијата ја организира Сојузот за грижи и воспитување на деца на Македонија, додека претседател на одборот за детско творештво е познатиот писател Горјан Петревски.
На Меѓународниот натпревар по математика Кенгур во Скопје, гимназијалката Матеа Попоска освои сребрен медал во категоријата Сениори.
Гимназијалките пак Анастасија Јосифовска и Анѓела Ангелкоска на истиот натпревар освоија пофалници. Менторот на ученичките, Миле Апостолоски вели дека е задоволен од постигнатите резултати и упати благодарност до директорот на гимназијата Џези Камбери за поддршката што ја добиваат за учество на натпреварите по математика и развивање на натпреварувачкиот дух.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот