Вести
Младите гостиварци се натпреваруваа по Прва помош
Викендов во Гостивар се одржа општинскиот натпревар по Прва помош, кој по 35-ти пат го организираше Црвен крст на Република Македонија. Средношколците од гостиварските средни училишта имаа можност да ги покажат своите знаења и вештини за справување во случај на итна потреба од помош на повредени и болни лица. На натпреварот учествуваа шест екипи кои ги оценуваа лекари – судии.
Како најуспешни се покажаа учениците од средното општинско училиште – гимназија. Второто место го освои екипата на средното медицинско училиште, додека третото и` припадна на екипата од техничкото училиште. За својот успех тие добија пехари, а првопласираниот тим ќе го преставува Гостивар на Државниот натпревар по Прва помош.
„Натпреварите се една од програмските активности на Црвениот крст и преку нив, покрај што градиме натпреварувачки дух кај младите, целиме тие што подобро да научат да се снаоѓаат во ситуации кога е потребно да се пружи помош на повредени и болни лица“, велат од гостиварскиот Црвен крст.
Натпреварот по Прва Помош беше поддржан од Монтенегро маркети.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград