Поврзи се со нас

Вести

Учениците од економското училиште како „Млади репортери за животната средина„

Објавено

на

 

Еко одборот на средното економско училиште во Гостивар е вклучен во програмата „Млади репортери за животната средина“ која се спроведува во рамки на проектот  „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Во склоп на програмата, беше објавен конкурс за најдобра новинарска сторија, фотографија и видео на кој младите економисти од Гостивар се пријавија со своја тема. Во изработката на статијата учествуваа ученичките: Марија Петроска, Емилија Србиноска и Емилија Данилоска под менторство на професорката Рада Илиевска. Во знак на поддршка на учениците и училишниот Еко одбор, Гостиварпрес ја објавува нивната сторија со фотографија. Прочитајте што средношколците имаат да ви порачаат во однос на користењето на автомобилите и загадувањето на воздухот.

 

„Со велосипед до поздрава средина“

 

Живееме во време во кое младите мислат дека возењето со автомобили и мотори е многу по “cool” отколку возењето велосипеди.

Автомобилите и моторите преку отровните гасови кои ги испуштаат го загадуваат воздухот и влијаат врз здравјето на луѓето. Според податоците од Заводот за статистика, заклучно со декември 2016 година во Гостивар и околината се регистрирани 24.600 возила. Едно семејство поседува просечно  по два автомобила, а скоро секое семејство за својата младина наместо здрав живот со велосипед, избира загаден воздух со мотор. Возењето автомобил овозможува брзо и лесно стигнување до посакуваното место, но истовремено врши и огромно загадување на воздухот. Зошто сето ова да не се измени и користењето на велосипед во Гостивар да стане секојдневие? Со тоа се обезбедува поздрава околина и се зголемува физичката активност кај луѓето, а посебно кај младата популација.

Затоа предлагаме еден ден во неделата да биде ,,ден на велосипедите“ (пр. сабота) и сите ние наместо со автомобил да ги извршуваме своите обврски со велосипеди. Така гостиварци ќе дишат почист воздух и ќе развиваат позитивни еколошки навики.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена