Поврзи се со нас

Македонија

Угостителите бараат поништување на одлуката за забранет влез на невакцинирани во локалите

Објавено

на

Независната угостителска комора (НУК) бара од Владата веднаш да ја укине одлуката со која се забранува посета и влез на невакцинирани лица во угостителските објекти.

Според НУК, одлуката е неприменлива и не може да биде испочитувана без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат неколку закони, посебно Законот за заштита на личните податоци.

Целта на Барањето, како што наведува Комората, е да се спречи деградација и селекција на вакцинирани и невакцинирани гости и да се овозможи сите угостителски објекти да бидат достапни еднакво за сите граѓани.

-Донесената мерка е неприменлива и неспроведлива од страна на угостителите без соодветна законска регулатива и продолжени и пренесени овластувања кои во моментов ги нема. Ниту т.н. нови редари, ниту кој било инспектор, ниту угостителите и вработените во угостителските објекти имаат законска можност, овластување и право да вршат проверка на лицата за нивната состојба на вакцинација со приложување потврда за извршена имунизација, соопшти НУК.

Во Барањето адресирано лично до премиерот Зоран Заев, НУК наведува дека медицинската состојба на граѓанинот и гостинот е сензитивна информација и согласно Законот за заштита на лични податоци со исклучок на службено лице и/или овластено лице – лекар, никој друг нема право да врши проверка или прибирање на оваа информација, ниту да врши селекција, односно дозвола за влез во јавен објект на граѓаните по основ на оваа состојба.

-Во  моментов се уште согласно постојната важечка законска регулатива вакцинацијата е изборно право на секој граѓанин и не е задолжителна и како такво истата не смее да биде услов за нормално движење, работење и слобода на уживање на човековите права ниту услов за влегување во јавен објект и користењето на услугите на јавниот објект како што се угостителските објекти. Со оваа одлука неприфатливо е угостителските објекти да се ставаат во улога на експериментален филтер за да се провери дали и како системот на селекција на граѓаните може да функционира на вакцинирани и невакцинирани. Поради сето ова, бараме и очекуваме од Вас, веднаш да се укине одлуката со која забранувате посета и влез на невакцинирани во угостителските објекти, посочува претседателот на Комората, Здравко Јосифовски.

Ако Владата не ја укинете одлуката, Јосифовски, како што нагласува, ќе биде првиот сопственик што ќе го затвори угостителскиот објект.

-Угостителите досега ги почитувале и спроведувале сите реални и неопходни препораки и протоколи за работа на угостителските објекти без разлика дали тие кореспондирале со тековните состојби, но оваа одлука не може да биде испочитувана и спроведена без да се нарушат повеќе човекови права и да се прекршат повеќе закони, посебно Законот за заштита на личлните податоци, потенцира претседателот на НУК во Барањето до Заев.

На 97-та седница Владата донесе одлука со која од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 8 часа

Што треба да знаете ако чувате чаша со вода ноќе покрај креветот

Македонијапред 13 часа

Можно е ограничување на цените на храната

Светпред 16 часа

ТикТок во Албанија ќе биде блокиран деновиве, најави Рама

Гостиварпред 18 часа

Света литургија во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Гостивар: Не осудувајте, не мразете, од срце проштевајте!

Рецептипред 19 часа

Крцкав чипс од тестенини – совршена закуска за секоја прилика

Технологијапред 1 ден

Зошто треба да е вклучен авионскиот режим на електронските уреди додека се лета со авион?

Македонијапред 2 дена

Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“- Правда за Фросина

Македонијапред 2 дена

Прометот во големите маркети во четврток и петок намален за 22%

Македонијапред 2 дена

Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство доби веб страница

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Да се остранат возилата на патот Маврово – Бунец преку Никифорово и Леуново, повика „Македонија пат“

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена