Гостивар
Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварското градско аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ ги прави последните подготовки за традиционалниот Велигденски концерт, што го одржува секоја година пред големиот христијански празник на Христовото воскресение. Концертот е закажан за четврток (25-ти април) во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар со почеток во 19 часот.
„Велигденскиот концерт е традиција што ја негуваме повеќе од 30 години и на која остануваме верни и понатаму. Чест и задоволство ни е да и‘ пружиме на домашната публика претпразнично дружење преку фолклорот и народната македонска песна.“, велат од друштвото.
Како специјални гости на концертот се најавени членовите на КУД „Електропорцелан” од Аранѓеловац, Србија, кои за прв пат ќе настапат во Гостивар.
Публиката во четврток ќе има можност да ужива во целовечерна програма исполнета со сплетови на народни ора и песни, во изведба на фолклорната секција, оркестарот, најмалите членови на друштвото, како и вокалните солисти.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос