Македонија
Во тек е аплицирање за земјоделските субвенции
Земјоделците можат да се пријавуваат за субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2017 година. Барањата за директни плаќања се поднесуваат електронски преку посебно „е-барање“ поставено на страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Рокот за поднесувања на барањата за директни плаќања трае до 15 септември годинава.
Оние земјоделци кои не се во можност сами да си креираат барање, може да побараат техничка поддршка од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 30 август за да можат да го запазат рокот за аплицирање. За помош околу аплицирањето може се обратат и во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството.
Барањето по електронски пат се поднесува без доставување на документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни. Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели, пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот