Македонија
Засега нема воведување на нови антикорона рестрикции

Засега нема нови препораки или воведување на нови рестриктивни мерки, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Од Министерството посочуваат дека ја следат епидемилошката состојба во земјава и регионот.
Како што беше најавено Комисијата за заразни болести денеска требаше да одржи состанок за воведување рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска во гостување на „Утрински брифинг“ рече дека ситуацијата е многу мирна, нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика и повеќе денови по ред нема притисок по болниците.
– Нема пријавување, нема наплив на пациенти ниту во амбулантите, што ни укажува и потврдува дека ситуацијата е прилично мирна. Ја пратиме ситуацијата и во околните земји. Насекаде во регионот е мирно. И во Србија и во Албанија. Ги следиме и земјите каде нашите граѓани заминуваат за летните одмори. Има лесно зголемување на бројката на позитивни случаи во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно. Затоа ќе довршам, сметам дека летото доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки. Но, ситуацијата будно ја пратиме, има земји каде индискиот сој побрзо се шири. Но, засега нема потреба, а доколку се појави ќе интервенираме, потенцира Филипче
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо