Здравје и убавина
Здравата храна – лек за депресија
Истражувањето спроведено од британските научници од Универзитетот во Лондон покажало дека мрсната храна поттикнува депресија. Исто така, истражувањето потврдило дека консумирањето големи количини овошје, свеж зеленчук и риба, може да помогне и да ја спречи депресивната состојба.
Истражувачите спровеле експеримент во кој учествувале две групи луѓе. Едната група консумирала природна, а другата индустриска храна. Заклучено е дека кај онаа група што се хранела со природни намерници, ризикот од депресивна состојба бил за 26% помал отколку кај групата која консумирала индустриска храна, кај кои ризикот за појава на депресија изнесувал дури 58%.
Експертскиот тим кој го водел ова истражување, наведува дека оваа појава може да се објасни со присуството на големи количини антиоксиданси во овошјето и зеленчукот, кои делуваат заштитно.
Покрај тоа, високото ниво на незаситените масни киселини кои се наоѓаат во рибите, кои ја стимулираат церебралната активност, исто така можат да делуваат превентивно против депресија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот