Вести
Жешкото време опасно и за животните – Како да ги заштитите?
Екстремно високите температури кои подолг период владеат во земјава претставуваат ризик не само за човекот, туку и за милениците и домашните животни.
Доколку животните се држат во несоодветни услови, може да дојде до појава на топлотен удар или сончаницата која се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сончевото зрачење.
Симптомите при овие проблеми се манифестираат во облик на забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, анурија, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза.
Доколку се забележат такви симптоми кај животните, потребно е итно да се реагира, потенцираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Препорачуваат животното да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на воздух, да му се даде доволна количина на свежа вода, а телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо.
Сопствениците на домашни миленици мора да се придржуваат на неколку правила како би спречиле несакани последици од топлотен удар. Прво и основно правило е да не се оставаат домашните миленици во затворен автомобил кој е директно изложен на сончевите зраци, да се избегнуваат прошетки на домашните миленици во текот на најтоплиот период од денот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот