Поврзи се со нас

Македонија

Печалбарите носат пари и поголема гужва низ улиците – полицијата апелира на почитување на правилата

Објавено

на

Во поширокиот Полошки регион, наскоро ќе се зголеми вкупната динамика, не само по патишта и улиците во Тетово и Гостивар, туку и воопшто, зашто се очекува доаѓање на значителен број времено вработени во странство, кои дел од нивниот одмор ќе го поминат и ќе празнуваат во родните места.

Поради тоа, уште еднаш се потсетуваат сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и посебно да внимаваат кога и каде ги паркираат нивните возила, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол.Ова, дотолку повеќе што се најавуваат и снежни врнежи.Со почитување на овие совети и препораки  возачите  најнепосредно ќе придонесат за поголема лична и  вкупна безбедност во сообраќајот.

Со оглед на тоа што следуваат повеќе празници,  Секторот за внатрешни работи Тетово , исто така, апелира до граѓаните да се воздржат од употреба, односно од пукање со огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.Зашто, со тоа најдиректно го нарушуваат јавниот ред и мир, а можат да предизвикаат и несакани појави и настани со мошне негативни безбедносни последици.

На оние кои деновиве и за празниците ќе патуваат кон Попова Шапка и Маврово им се советува задолжително носење на зимска опрема и комплетна проверка на техничката исправност на возилата, за да не им се случат дефекти и потешкотии да стигнат таму каде што планирале.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена