Вести
Пријавени штети од дождот во Гостивар и населените места
Обилните врнежи од дожд кои го зафатија гостиварскиот регион предизвикаа проблеми во делови од градот и населените места. Како што веќе информираше Gostivarpress.mk граѓани од ул„Драге Тодороски“ реагираа дека улицата им се поплавува, а водата им навлегува во подрумите. Штети од дождовите до надлежните биле пријавени и од жители на населбата Циглана и од едно семејство во селото Равен.
„Во Циглана станува збор за куќи со слаба градежна конструкција и водата влегла во домовите од покривот, а во село Равен станува збор за куќа која е изградена до речното корито. Општина Гостивар не располага со сместувачки капацитети, така што не можеме да помогне за привремено сместување на семејствата кои претрпеле штети. На улица „Драге Тодоровски“, станува збор за проблем со кој жителите од еден дел од оваа улица се соочуваат повеќе години. Водата навлегла само во подрумите на неколку куќи и нема причинето поголеми материјални штети или проблеми со домувањето. На терен излегоа и екипи од ЈП Комуналец кои ќе извршат интервенција на канализациската линија“, рече Фадил Хасани, општински советник за заштита и спасување.
Врнежните не престанаа во текот на целиот ден, а според најавите дожд ќе има и викендов.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар