• Дата: 13/02/2018

Пуштена една лента на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, кој беше во прекин поради падната лавина, се одвива по една коловозна лента, откако е расчистен дел од лавината, соопшти Центарот за управување со кризи.

Лавината падна околу 17.45 часот близу Бигорскиот манастир, а на терен  се излезени екипи на Македонија пат и локалната самоуправа на општина Маврово Ростуше.

 

Оставете коментар

Вашата Емаил адреса нема да биде објавена.Задолжителните полиња се означени *

*