Поврзи се со нас

Вести

„Вешта жена“ во Гостивар – ремек дела од храна и забава за гостиварки

Објавено

на

Синоќа во Гостивар се одржа шестото издание на манифестацијата Вешта жена, настан кој ги собира припадничките на понежниот пол на едно место, да покажат што знаат и умеат со храната, да се дружат и забавуваат.

Шестата по ред Вешта жена во Гостивар имаше и толку натпреварувачки, шест, кои подеднакво се потрудија да ги освојат симпатиите на жирито и гостите со креативни трпези. Титулата Вешта жена на Гостивар за 2018-та ја понесе Емилија Србиноска за трпезата насловена „Титаник“. Ова е втора победа на манифестацијата за младата гостиварка.

Емилија ќе го претставува Гостивар на републичкиот натпревар во Лешок, заедно со Лулјета Адеми чија трпеза „Циганско мало“ беше избрана како автентична.

Покрај нив, синоќа своите кулинарски вештини и имагинација за декорирање ги претставија и: Билјана Дејаноска, Сашка Секулоска (прва награда од публика), Ана Синадиноска и Моника Ѓорѓевиќ.

„Идејата за Вешта жена потекна од фактот дека без оглед на меѓусебните разлики, готвењето на храна и грижата за домот е нешто заедничко за сите жени. Горди сме што на манифестацијата веќе почнаа да учествуваат и жени со оштетен вид, жени со инвалидитет.“, рече на отворањето на настанот, претседателката на здружението, Снежана Стојановска-Жана.

Организаторките на манифестацијата во Гостивар, Даниела Мицоска и Мирјана Србиноска рекоа дека се презадоволни од натпреварувачките и интересот на гостиварски да бидат дел од настанот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 10 минути

Постигнат е цензус на претседателските избори, до 17 часот гласале 42,32% од избирачите

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

До 15 часот во Врапчиште за претседател гласале 7,9% од избирачите, за пратеници 20,8%

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Излезноста до 15 часот во Гостивар е 26,81% на парламентарите и 18,31% на претседателските избори

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Излезеноста на претседателските избори до 13 часот на државно ниво е 23.95 %

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Во Гостивар до 13 часот на парламентарните избори гласале 17,25 %, на претседателските 11,99 % од гласачите

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Јавното обвинителство со оценка за изборниот процес

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Оценка на МВР за досегашниот тек на гласањето

Вестипред 5 часа

„АстраЗенека“ ја повлекува својата вакцина против Ковид, неколку месеци по признавањето за нуспојави

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

За победа во вториот круг избори за претседател потребни 362.864 гласови

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена