Поврзи се со нас

Избори 2024

Излезеноста на претседателските избори до 13 часот на државно ниво е 23.95 %

Објавено

на

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2472 избирачки места. Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 46.44 отсто. Најмалата излезеност за Претседателските избори е во Липково, со 3.28 отсто.

-Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.49 отсто на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.7 отсто, наведува ДИК.

До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2348 избирачки места. Од вкупно запишани 1.207.922 гласачи на овие избирачки места, гласале 312.070 односно 25.84 отсто од граѓаните со право на глас.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 48.65 проценти. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Маврово и Ростуше, со 11.91 процент.

-Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 2.03 проценти на овие избори, укажуваат од Комисијата.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна: Изборна единица 1 – 31.18 отсто, Изборна единица 2 – 23.91 отсто, Изборна единица 3 – 29.18 отсто, Изборна единица 4 – 26.40 отсто, Изборна единица 5 – 25.04 отсто, Изборна Единица 6 – 16.71 отсто

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена