Поврзи се со нас

Здравје и убавина

„Стани порано. Кажувај „не“ почесто. Гледај во ѕвездите. Купи си цвеќе“

Објавено

на

Листа на совети против стрес од професор за учениците

Дека секојдневието е напорно и носи стрес на сите ни е јасно. Секој има различен механизам како да се справи со тоа, но советите на стручните лица се секако добредојдени. Ве потсетуваме на листата од 101 совет, направена од професорот по психологија Брет Филипс од Калифорнија. За оваа листа многу се зборуваше лани кога на социјалните мрежи ја објави негова ученичка. Всушност, професорот ја делел листата на своите ученици со цел да им помогне во надминување на стресот.

 

  1. Стани 15 минути порано.
  2. Подготви се за утрото уште од претходната ноќ.
  3. Избегнувај тесна облека.
  4. Избегнувај да се потпираш на лекови и хемикалии.
  5. Одредувај ги состаноците однапред.
  6. Не се потпирај на меморијата, запиши.
  7. Вежбај превентивно одржување на работите.
  8. Направи си дупликат од клучевите.
  9. Кажувај „не“ почесто.
  10. Одреди си ги приоритетите во животот.
  11. Избегнувај негативни луѓе.
  12. Мудро употребувај го времето.
  13. Поедностави го времето кога јадеш.
  14. Секогаш чувај копии од важните документи.
  15. Предвиди си ги потребите.
  16. Поправи сè што не работи како што треба.
  17. Побарај помош за работите кои не ти се допаѓаат.
  18. Големите задачи подели ги на помали.
  19. Гледај на проблемите како на предизвик.
  20. Гледај на предизвиците поинаку.
  21. Расчисти си сè во животот.
  22. Смеј се.
  23. Подготви се за дождот.
  24. Скокотни бебенце.
  25. Погали куче, маче.
  26. Не труди се да ги знаеш сите одговори.
  27. Не се надевај секогаш на најдоброто.
  28. Кажи нешто убаво на некого.
  29. Научи некое дете како да лета хартиен змеј.
  30. Шетај додека врне.
  31. Најди време за игра секој ден.
  32. Уживај во топла бања.
  33. Биди свесен за одлуките кои ги правиш.
  34. Верувај во себе.
  35. Престани да си кажуваш негативни работи.
  36. Замисли како победуваш.
  37. Изгради ја својата смисла за хумор.
  38. Престани да мислиш дека утре ќе биде подобар ден.
  39. Имај цели само за себе, лични.
  40. Танцувај како да ти е последен пат.
  41. Кажи „здраво“ на непозната личност.
  42. Побарај прегратка од пријател.
  43. Гледај во ѕвездите.
  44. Вежбај бавно дишење.
  45. Научи да си свиркаш некоја мелодија.
  46. Прочитај поема.
  47. Слушај симфонија.
  48. Гледај балетска претстава.
  49. Читај приказна во кревет, под  јорган.
  50. Направи нешто ново.
  51. Откажи се од лоша навика.
  52. Купи си цвеќе.
  53. Најди време да помирисаш цвеќе.
  54. Пронајди поддршка во другите.
  55. Побарај некој да ти биде „партнер за издишка“.
  56. Денес, не утре.
  57. Концентрирај се да бидеш во добро расположение.
  58. Пред сè биди безбеден.
  59. Прави сè умерено.
  60. Внимавај на твојот изглед.
  61. Цели кон извонредност, не перфекција.
  62. Проширувај си ги границите, малку, секој ден.
  63. Гледај во уметничко дело.
  64. Потпевнувај си песна.
  65. Одржувај ја тежината.
  66. Засади дрво.
  67. Нахрани птици.
  68. Вежбај грациозност под притисок.
  69. Застани и исправи се.
  70. Секогаш имај план Б.
  71. Научи нова техника за цртање.
  72. Запамети шега.
  73. Биди одговорен за твоите емоции.
  74. Научи да си ги задоволуваш потребите.
  75. Стани подобар слушател.
  76. Определи ги своите граници и кажи им ги на другите.
  77. Измисли си свој јазик.
  78. Фрли хартиено авионче во воздух.
  79. Вежбај секој ден.
  80. Научи ги стиховите од нова песна.
  81. Стигни на работа порано.
  82. Исчисти си го гардероберот.
  83. Играј си со рацете со дете.
  84. Оди на пикник.
  85. Прошетај по различна патека до работа.
  86. Замини си порано од работа (со дозвола).
  87. Гледај филм и јади пуканки.
  88. Напиши писмо до далечен пријател.
  89. Оди на натпревар и врескај колку сакаш.
  90. Зготви си јадење и јади го на светлина од свеќа.
  91. Препознај ја важноста на безусловната љубов.
  92. Запомни дека стресот е само став.
  93. Води дневник.
  94. Вежбај злобна насмевка.
  95. Запомни дека секогаш имаш опции.
  96. Имај мрежа од луѓе, места и работи кои ќе ти служат како поддршка.
  97. Претани да се обидуваш да ги поправиш другите луѓе.
  98. Спиј доволно.
  99. Зборувај помалку, слушај повеќе.
  100. Покажи колку ги цениш другите.
  101. Релаксирај се… дај си време за одмор.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена