Гостивар
Акциски контроли на полицијата, во Гостивар 50-тина казни
Вчеравечер во периодот од 08.00 до 24.00 часот со таканаречениот ноќен радар, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани и санкционирани се 41 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-21) во и надвор од населено место.
Полицијата информира дека исто така вчера во период од 07.00-11.00 часот била спроведена акциска контрола за непрописно престигнивање, при што биле констатирани и санкционирани 29 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ- 10). На прекршителите им биле изготвени соодветни платни налози, додека за пребрзите и тие што непрописно престигнувале следи и заштитна мерка забрана за управување во траење од 3 до 12 месеци.
За време на акциската контрола, исто така, биле констатирани и 44 други прекршоци (ТЕ-26 и ГВ-18) кои биле санкционирани согласно законот.
Во текот на вчерашниот ден во Тетово исто така биле преземени мерки во однос на погрешно и непрописно паркрани возила за овозможување на нормален и проточен сообраќај, а при тоа биле подигнати 21 возило, кои биле санкционирани согласно законот.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот и поради фактот дека брзината е главна причина за поголемиот број на сообраќајни незгоди во подрачјето на СВР Тетово возачите да бидат совесни и да придонесат за нивната безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ