Гостивар
Зголемено полициско присуство околу училиштата со почетокот на учебната година
Секторот за внатрешни работи ги финализираше планираните превентивни и други активности пред почетокот на новата учебна година, најмногу сообраќајни.
Полицијата најавува дека наредниве денови пред и околу сите основни и средни училишта во Тетово и Гостивар значително ќе се зголеми полициското присуство и ќе се преземат мерки за целосно ослободување на јавните сообраќајни површини од непрописно паркирани возила, поставени тезги, угостителска опрема, изложени различни видови производи и слично, кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот и посебно на пешаците.
Со почетокот на новата учебна година, исто така, полициски службеници на СВР Тетово секојдневно ќе ги контролираат и автобуските постојки, посебно по завршување на првата и втората смена, со цел да се пресретнат евентуални инциденти, односно нарушувања на јавниот ред и мир.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот