Гостивар
Гостивар со повеќе новородени од починати, на државно ниво негативен природен прираст

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од годинава во Гостивар се родиле 151 бебе, а починале 146 лица. Ова го прави Гостивар еден од поретките региони во земјава со позитивен природен прираст, односно повеќе новородени од умрени.
На државно ниво, бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5% и изнесува 4 379.
Бројот на умрените лица во вториот квартал годинава изнесува 4 760 и бележи намалување од 33.4 % во споредба со лани. Од нив, 22 се умрени доенчиња.
Природниот прираст во земјава е негативен и изнесува -381, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината на државно ниво е намален за 7.3 % во споредба со истиот период од 2021 година и изнесува 2 670 бракови. Во ова тримесечје добиени се 521 извештај за разведени бракови.
Во Гостивар се склучиле 60 бракови, а имало 30 разводи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?