Поврзи се со нас

Вести

Украински Генералштаб: Ослободени 20 населби за 24 часа

Објавено

на

Украинскиот Генералштаб соопшти дека нивната војска напредува во областа Харков, додавајќи дека во моментов се наоѓаат на 50 километри од руската граница.

Главниот командант на украинската војска на каналот Телеграм напиша дека украинските сили во септември повратиле повеќе од 3.000 квадратни километри територија и ја продолжуваат својата офанзива.

Москва го признава повлекувањето од украинските градови Изум и Балакли. Министерството за одбрана наведе дека оттаму руските војници се прегрупирани во правец на Доњецк за да се постигнат целите на „специјалната воена операција за ослободување на Донбас“.

-Руските вооружени сили вршат високо прецизни напади врз единиците на украинската армија во регионот Харков. Од 6 до 10 септември загубите на украинските сили на релација Николаев – Криви Рог изнесуваат повеќе од четири илјади мртви и околу осум илјади ранети, тврди Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Украинскиот Генералштаб на Фејсбук објави дека украинската армија во претходните 24 часа успеала да го протера непријателот од повеќе од 20 населени места.

Непријателот се фокусира на воспоставување контрола врз територијата на регионот Доњецк и попречување на нападите на украинските војници во одредени области.

„Непријателот продолжи да ги напаѓа украинските позиции од воздух и презема мерки за враќање на изгубеното“, соопшти Генералштабот.

Украинскиот Генералштаб додава дека останува заканата од воздушни и ракетни напади, појаснувајќи дека претходниот ден непријателот истрелал 18 проектили и извршил 39 воздушни напади врз цивилни објекти низ Украина, во кои биле оштетени повеќе од 30 места, вклучувајќи ги и Краматорск , Днипро , Павлохрад.

Оттаму наведуваат и дека руските сили извршиле уште еден „терористички чин“, откако со проектили ја нападнале термоцентралата Харков, што предизвикало недостиг на струја во одредени региони.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 3 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 6 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 6 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 7 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 9 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 9 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 22 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 1 ден

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена