Поврзи се со нас

Македонија

Коалиција сите за правично судење: Супервештачењето за „Ласкарци“ и „Тендери“ сè уште трае

Објавено

на

Супервештачењето за автобуската несреќа кај Ласкарци трае 315 дена, додека, за случајот „Тендери“, во кој обвинета е поранешната министерка Елизабета Канческа-Милевска, трае 110 дена, објави Коалиција сите за правично судење.

За автобуската несреќа кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, Судот издаде наредба за супервештачење на 11 ноември 2021 година, додека, за „Тендери, наредбата беше издадена на 6 април 2021 година.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година.

Супервештачењето кое го нарача Судот во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола своевремено дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештачи за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен потоа информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, пак, за случајот „Тендери“ во временскиот период од јуни 2011 година до 05.08.2011 година, во Скопје, првообвинетата Елизабета Канческа Милеска, како службено лице министер и вработените во Министерството – службените лица второобвинетата Л.Л.Ц. како член на Комисија за јавни набавки и третообвинетата Ј.У. како претседател на Комисијата за јавни набавки, со искористување на своите службени положби и овластувања, при вршење на јавни набавки, како соизвршители прибавиле за економскиот оператор ГТД Б. Ш. АД Ш. корист што се состои од незаконско повластување – фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим” во Скопје.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 20 минути

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 9 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 17 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 18 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 21 час

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 21 час

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 22 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена