Поврзи се со нас

Гостивар

За доцнењето на превозот на учениците, Таравари прстот го впери кон ДУИ

Објавено

на

Дваесетина дена доцнеше организираниот превоз на учениците од основните и средни училишта во Гостивар, што е во надлежност на локалната самоуправа. Првиот човек на општината, Арбен Таравари на новинарско прашање за причината, прстот го впери кон ДУИ.

„Од вторник минатата недела, веќе редовно тече транспортот на учениците до училиштата. Обично и се случува тоа доцнење, затоа што во општините кои ги води ДУИ, на тендерот конкурира една фирма, а во другите општини кои ги водат опозициските партии, се пријавуваат по 3-4 фирми, за да се одолговлекува процедурата. Замислете, фирма од Тетово конкурираше да ги транспортира учениците во Гостивар. И не конкурираат за да  работат, туку за отпосле да поднесуваат жалби и процесот да се одолговлекува. Тие жалби одат во бирото, кое има задача да одговори за три дена, меѓутоа за жал, одговараат со доцнење од три недели. Затоа и доцнеше транспортот. Кога ДУИ реагира дека нема превоз за учениците, треба да ги прашате зошто бирото не си го работи своето и зошто компаниите по секоја цена во последен момент поднесуваат жалби, за банални работи. Но, транспортот е веќе решена работа и не очекувам натамошни пречки“, одговори Таравари.

Огранокот на ДУИ во Гостивар претходно реагираше дека по две недели од стартот на учената година, нема превоз за учениците. „Организирањето на превозот на ученици е обврска на училиштата и општината, додека Министерството за образование и наука – МОН преку блок дотации, за секој крај на месецот, префрла финансиски средства на сметката за промет на локалната самоуправа. Не може да има изговори. Финансиските средства ги обезбедува Министерството за образование и наука, додека локалната самоуправа треба само да ја организира јавната набавка.“, истакнаа од партијата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 9 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 11 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 14 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 15 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 18 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 19 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 20 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 21 час

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 22 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена