Гостивар
Контрола за непрописно престигнување, во Гостивар 36 казнети

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (25 септември) од 14 до 19 часот на поширокото полошко подрачје спроведоа засилена контрола за непрописно престигнување, во која вкупно биле откриени и соодветно санкционирани 46 прекршоци, од кои 10 во Тетово и 36 во Гостивар.
На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со адекватни парични глоби кои, зависно од прекршокот, се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите да не престигнуваат на забранети места и особено не на „полна линија“ и да ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. „Ова, пред се во вечерните, раноутринските часови и во денови со намалена видливост. Зашто, значителен број од сообраќајните несреќи на отворен пат и годинава се случувале поради неприлагодена брзина или непрописно престигнување.“, наведуваат од полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж