Гостивар
„Уловени“ 120 брзи возачи во Гостивар и Тетово
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (3 октомври) од 7 до 12 часот спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле изречени вкупно 120 мерки (Тетово-88 и Гостивар-32). Деведесет и три од мерките се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, при што 9 возачи-прекршители пречекориле за повеќе од 70 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 27 возачи кои ја пречекориле брзината во населено место, а констирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 2 други видови сообраќајни прекршоци, информира полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, односно да не возат пребрзо, дотолку повеќе што претстојат врнежливи, лизгави и постудени есенски и зимски денови. Зашто и годинава најчеста причина за сообраќајните несреќи е пребрзото возење и пред се за оние со најтешки последици.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ