Поврзи се со нас

Гостивар

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Објавено

на

    На празникот посветен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим-Цветници, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на протоереј ставрофор Марјанчо Мадевски, протоереј Андон Андоноски, протоереј Трпе Богојески, ереј Мартин Андоноски и ѓаконот Славче Ѓорѓески, отслужи Света Божествена Златоустова литургија во Соборниот храм ,,Успение на Пресвета Богородица”- Гостивар.

    Во својата беседа митрополитот г. Јосиф која меѓу другото истакна: Овој празник кај нашиот народ е познат уште како Цветници, затоа што народот и дечињата, кога Спасителот Христос влегувал во Ерусалим, фрлале пред Него цвеќиња и палмови гранчиња, па затоа и ние на денешен ден осветуваме врбови гранчиња, зашто врбата кај нас е првото растение кое расцутува и кое го најавува големото празнување на празниците, односно Велигденското празнување. Врбата е и симбол на пролетта, која всушност е годишно време коe дава живот, кога сè цути и се разлистува, кога расте тревата, а сите растенијата и животните добиваат нов живот. Оваа недела е последна пред Велигден. Во неа си спомнуваме за еден посебен настан, кој има огромно значење за разбирање на мисијата која Господ ја извршил за спасение на родот човечки. Овој настан ни помага да разбереме која е смислата на служењето, кое Црквата како продолжителка на апостолското служење на Бога им ја пренесува на луѓето. Денеска нашата света Црква, а заедно со неа и ние го прославуваме свеченото влегување на Нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалим. Тоа е најголемата свеченост што Израилскиот народ му го приредил на Христа. Господ Исус Христос исполнувајќи го пророштвото за Него како Цар кроток и праведен, после чудесното воскреснување на Лазар, пред шест дена од неговата смрт, се јавува на Јудеите и многу јасно им покажува дека Он е Месија и Цар Кого тие го очекуваат. Наоѓајќи се во овој храм денес овде во Гостивар, со врбови и палмови гранчиња во рацете, сите ние сме сведоци на Христовото влегување во Ерусалим, бидејќи „наоѓајќи се во Неговото Тело, во Црквата, ние имаме една Глава – Него“, вели во својата беседа за овој празник светиот Григориј Палама, кој нè потсетува дека сите ние, кои имаме една надеж, сме повикани заедно во овие денови пред самиот празник – да се љубиме еден со друг, да се трудиме еден за друг, бидејќи сме соединети едни со други. Но и да веруваме во Бога. И токму пред самите Негови страдања, треба да се запрашаме дали вистински веруваме во Него? – Ако вистински веруваме во Него – во оваа недела треба активно и ние сите да соживуваме со Него, да го созерцаваме Неговото дело и да Го носиме Неговиот крст, следејќи го Неговиот трнлив пат до Распетието, за на крај да го доживееме како свое и Неговото Воскресение. Затоа апелирам до сите православни христијани од Гостивар и Тетово, дека во престојните дни е време благопријатно, самиот ден на спасението, па затоа, според Павловите зборови да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на Светлината. ,,Да одиме чесно како дење“ (2 Кор. 6, 2) – затоа што ни се приближува сеќавањето на спасоносните Христови страдања, се приближува нова, голема и духовна Пасха, награда за бестрастието – почетокот на идниот век, подготвен за оние кои не само денес ќе одат со Христос, туку и во наредните денови ќе го продолжат тој пат да го одат во своето срце, во својот Ерусалим, за да очистени и ние воскреснеме на денот на Христовото воскресение, заедно со Него, причестувајќи се со Неговите спасителни тајни, и сега и секогаш и во сите векови. Амин!“

    На Божествената литургијата верниците се причестија со Светите Христови Тајни.

    фото: тетовско-гостиварска епархија

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 3 часа

    Се слави Велигден, најголемиот празник за христијаните

    Гостиварпред 3 часа

    Тешко повреден мотоциклист, излетал од патот Гостивар-Кичево

    Гостиварпред 12 часа

    Гостивар: Празникот над празниците дочекан со трепет во срцата, Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

    Македонијапред 17 часа

    Митрополитот Јосиф со честитка до верниците за Христовото Воскресение

    Светпред 19 часа

    Православните и католиците годинава слават Велигден на ист ден

    Светпред 20 часа

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Светпред 22 часа

    Благодатниот оган се спушти во Ерусалим: Светлина на Воскресението и надеж за светот

    Гостиварпред 23 часа

    Маж и жена од Гостивар и битолчанец починаа во синоќешната тешка сообраќајна несреќа

    Македонијапред 24 часа

    Пасхално послание од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 1 недела

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 1 недела

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Гостиварпред 4 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Македонијапред 4 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена