Поврзи се со нас

Гостивар

Регионална работилница за климатските промени и безбедноста на Шара и Кораб

Објавено

на

Во Леуново денес и утре се одржува студиска регионална консултативна работилница „Климатските промени и безбедноста на Шар Планина/Шара и Корабскиот Масив“, на која се дискутира за развивање заедничка стратегија за соработка и прилагодување и план за нејзино спроведување, а се споделуваат и примери за најдобрите пракси од соработката во регионот на Шар Планина и Корабскиот Масив, и пошироко.
Обраќање на отварањето имаше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој истакна дека областа на Шар Планина и масивите на Кораб беа идентификувани како приоритетно жариште за соработка.
„Земајќи ги овие наоди како почетна точка, оваа сеопфатна студија има за цел да го процени тековниот контекст на заедничките активности на ниво на заштитеното подрачје во Шар Планина и областа на Корабскиот масив. Врз основа на оваа проценка, студијата на ОБСЕ има за цел да собере и развие идеи за понатамошни активности за соработка помеѓу различните засегнати страни во областа, како и да помогне во идентификација на она што е потребно за нивна успешна реализација. Ова ќе придонесе за унапредување на соработката и намалување на безбедносните ризици предизвикани од климатските промени на Шар Планина и областа на масивите на Кораб“, рече Нуредини.
Според него, спроведувањето на политиките и мерките поврзани со климатските активности ќе го забрза закрепнувањето на инвестициите и активностите во главните економски сектори како што се услужниот сектор, туризмот, градежништвото и енергетиката, а во исто време ќе создаде нови и зелени можности за отворање на нови работни места. Исто така, од суштинско значење е да се преземат проактивни чекори за да се изгради отпорност кон климатските промени и да се инвестира во мерки за адаптација, особено за најсиромашните или најмаргинализираните во општеството, како и за секторите најпогодени од пандемијата.
Работилницата е во организација на Канцеларијата на координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ и се спроведува во рамките на Проектот„Јакнење на одговорите на безбедносните ризици од климатските промени во југо-источна Европа, источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија“, кој се реализира под раководство на Координаторот на ОБСЕ за економски и еколошки активности (ОЦЕА), во партнерство со Центарот за истражување и консултации со јавна политика „Аделфи“.
Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена