Поврзи се со нас

Култура

Во Гостивар презентиран проект за дигитална библиотека

Објавено

на

 

Фондацијата „Македоника“ пред гостиварци го презентираше проектот за мултикултурна дигитална библиотека, преку кој може да афирмираат младите талентирани автори. Проектот започна месецов, а ќе трае се до мај наредната година. Во тој временски период оние кои творат поезија, проза или драмски текстови може да аплицираат со своите дела за издавање во библиотеката.

Издавачката комисија на проектот ќе избира по една книга месечно, која ќе биде објавена во бесплатната дигитална библиотека на Фондацијата Македоника. Можност да учествуваат имаат сите млади автори Македонци, Албанци, Турци, Роми и Срби од Република Македонија, регионот и дијаспората. Делата од македонски автори ќе бидат објавени на македонски јазик, а делата на јазикот на етничките заедници ќе бидат објавени двојазично, на мајчиниот јазик на авторите и на македонски јазик.“, објасни Андреа Ичокаева Бундалевска од Фондацијата Македоника.

Презентацијата на проектот се одржа во градската библиотека при Центарот за култура во Гостивар.

„Цениме дека ова е добра активност, една убава можност младите автори од Гостивар да се покажат и докажат и токму затоа го поддржавме проектот и сме домаќини на денешниот настан“, рече директорот на Центарот за култура, Луан Зенки.

Авторот на делото кое ќе биде прогласено за најдобро ќе биде награден со таблет. Во рамките на дигиталната библиотека ќе се организира и социјален форум каде читателите ќе ги коментираат и оценуваат објавените текстови.

 

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Цивика Мобилитас.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 10 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 11 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 12 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 14 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 15 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 16 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 17 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 18 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена